Македонија
1. September 2016 - 17:06

Убиство во Струмица

73 годишна старица од струмичкото село Барбарево била убиена и оставена на патот.  Немилиот настан се случил во близина на селското училиште, а безживотното тело  на жената на кое имало поведи со тврд предмет на глвата го пронашла нејзината внука. Кога ја нашла  баба си мртва таа веднаш го известила својот  татко, син на сега веќе убиената.

Тој откако видел дека мајка му е мртва се посомневал дека е убиена од соселанецот 65 годишниот А.А. и веднаш отишол во неговиот дом, зел стап и влегол во просторијата  во која тој се наоѓал   и започнале расправила која преминала во тепачка. Во тепачката синот на убиената му нанел повеќе повреди во пределот на главата и телото на неговиот соселанец. А.А. во  меѓувреме возвратил и го повредил  синот на убиената жена  нанесувајќи му  три убодни рани.

За случувањето била известена и полицијата.  По добиената пријава на местото на настанот излегле  и увид извршиле  јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.  Бил извршен претрес во домот и помошните простории  на А.А.  при што се пронајдени  дрво  со кое истиот го извршил кривичното дело  како и два мали ножа на преклоп со кои е повреден Т.А. син на убиената.  Истите  се подигнати и дадени за вештачење. 

65 годишниот А.А. е лишен од слобода и е задржан во ПС Струмица. По целосно документирање на настанот против него  ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.