Учебната година ќе заврши на 10 јуни
Владата попладнево на трета седница донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.
Како што информира владината прес-служба, со одлуката бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година.
-Одлука со истата содржина е донесена и за средните училишта, што значи дека и во овие образовни институции бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови односно 158 наставни денови за завршната година на средното образование, зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни, наведува прес-службата во соопштение.
Одлуката за одложен почеток на второто полугодие во основните и средните училишта за 1 февруари годинава беше донесена вчера на седница на Владата, по препораката на Главниот координативен кризен штаб согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.
– Со денешната одлука се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година, информира прес-службата.
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
