Ученици од Демир Хисар бесплатно ќе летуваат во Турција

Градоначалниците на општините Демир Хисар и општината Балчова во градот Измир, Турција, соопштија дека е постигнат договор за бесплатно летување во Турција на над 30 деца на возраст од 14 до 18 години, жители на општина Демир Хисар.
Градоначалниците Љупчо Блажевски и Мехмед Али Чалкаја, кој се наоѓа во возвратната посета на Демир Хисар, најавија дека наскоро ќе потпишат и повелба за збратимување.
- Децата од Демир Хисар бесплатно ќе престојуваат во едно од познатите Балчовачки одморалишта, а за време на престојот, ќе им биде организирана и туристичка посета на најзначајните културно – историски локалитети и туристички атракции на општина Балчова – една од најголемите и најбогати 25 општини во турскиот град Измир. Трошоците за превоз на групата што ќе биде придружувана, односно педагог, психолог, социјален работник, наставници на локалната самоуправа, ќе ги покрива општина Демир Хисар, додека сите останати трошоци околу престојот, ќе ги сноси општина Балчова, информираат од општина Демир Хисар.
Изборот на ученици ќе се врши врз основа на утврдени критериуми, а предност ќе имаат децата од семејства што користат социјална заштита, како и талентирани ученици од основните и средното училиште во општина Демир Хисар.
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
