-->
-->
Ученици од европски држави во посета на кумановското училиште „Сами Фрашери“
-->
Триесетина ученици и 13 професори од Германија, Белгија, Франција, Шведска,Унгарија, Шпанија и Италија, преку проектот Еразмус плус се во седумдневна посета на ученици и професори од средното училиште „Сами Фрашери“ од Куманово.
Во тел на посетата учениците ќе соработуваат на повеќе нивоа, ќе работат на формирање виртуелна компанија и ќе имаат можност преку работилници и предавања да гразвиваат претприемнички вештини.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска организираше прием за учениците и професорите од европските држави. Во посета на училиштето престојуваше и евроамбасадорот Семуел Жбогар.
- Горд сум што денеска толку многу млади луѓе се гости на Куманово, како домаќини денеска ќе организираме прошетка. Учениците ќе останат до петок, ќе имаат можност да разменат искуство и ќе соработуваат, на некој начин тие пријателства можеби ќе дадат повод за натамошните активности и продлабочување на соработка со сите овие земји, изјави Дамјановски.
Посетата на Куманово е завршната сесија од тригодишниот проект, финанасиран од Европска унија. Во изминатиот период, информираа надлежните од училиштето „Сами Фрашери“ биле реализирани мултилатерални посети и учениците и професорите од кумановското училиште, кoи престојувале во работна посета на училиштата во Германија, Белгија, Франција, Шведска, Унгарија, Шпанија, и Италија. Целта на проектот е младите да се стекнат со работни вештини и веднаш да се вклучат на пазарот на трудот, објасни Африм Алити, координатор на проектот и професор по англиски јазик во „Сами Фрашери“.
Освен што ќе имаат можност да разменат искуства и да се стекнат со работни вештини, учениците ќе имаат можност да се запознаат со културно-историските споменици во околината на Куманово, Скопје, Тетово, како и да посетат компании.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани
-
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди
-
Уапсен 27-годишник од Македонска Каменица, со 1,70 промили алкохол управувал со возило
-
Бесент: Од царините годишно САД би можеле да заработат од 300 до 600 милијарди долари
-
Средба на Исени со Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција
-
Пет француски тенисери суспендирани поради местење натпревари
-
Противниците на Трамп подготвени за масовни протести низ САД
-
Уапсен 26-годишен неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат