Учениците Македонци и нивните професори од „Кирил Пејчиновиќ“ на настава на тетовскиот плоштад

Учениците и професорите од македонска настава во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ денеска во знак на протест ги одржаа првите часови од оваа учебна година под отворено небо на градскиот плоштад во Тетово.
На тој начин тие го искажаа своето незадоволство од инертниот однос на надлежните кон решавањето на нивниот просторен проблем. И на 1 септември тие заедно со своите родители и професори протестираа поради тоа што две години учат поделени во зградата на Народниот универзитет и основното училиште „Гоце Делчев“ и бараа да се вратат во централната зграда на гимназијата.
- Свесни дека бојкотот на наставта најмногу им штети на учениците а немајќи соодветен простор во кој би ја следеле наставата во нормални и достоинствени услови, принудени сме наставата да ја организираме под ведро небо пред просториите на Секторот за образование на градскиот плоштад. Се надеваме дека надлежните конечно ќе не видат и слушнат и заеднички, конечно, ќе го решат проблемот, рече Дејан Ѓурчиноски, професор во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
Иако од локалната власт беше ветено дека учениците Македонци ќе почнат со настава во централната зграда од гимназијата, тоа не се случи бидејќи според досегашните информации наставата треба да се организира во три смени и со скратени часови од по триесет минути за што е потребна одлука од Министерството за образование и наука. Учениците, особено матурантите од четврта година, велат дека премногу се одолговлекува решавањето на овој проблем.
- Од сите државни училишта, учениците од нашето училиште се меѓу десетте најдобри, а учиме во училници каде што нема компјутери, каде нема никаков кабинет, ни по хемија, ни по физика, и еве го нашето училиште сега за сега. Цел месец сме дома, немаме никакви информации што ќе се случи понатаму, еве ова е нашето училиште под ведро небо. И да заврне, ќе бидеме цела недела вака, се додека не се реши овој проблем, изјави еден ученик.
Освен информацијата дека се уште немаат добиено никаков одговор од Министерството за тетовската гимназија, од Општина Тетово немаше друг коментар за наставата под отворено што денеска ја држеа учениците и професорите Македонци.
Ново на Сител
-

СП 2026: Многу сме горди што сме во полуфиналето
-

Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино
-

Енергетската независност една од стратешките цели на Владата - повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
-

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност
-

Нови мерки во студентските домови: За алкохол во собите следува забрана и до пет години
-

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година
-

Највозрасната жена која отишла во вселената, Воли Фанк почина на 87 години
-

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието
