Учениците, родителите и наставниците уште чекаат одлука кога и како ќе почне учебната година
Како и кога ќе почне учебната година? Родителите, учениците и наставниците сѐ уште чекаат да се изјаснат Министерството за образование и здравствените експерти.
Фактот дека сѐ зависи од епидемиолошката состојба и ситуацијата со пандемијата ги прави состојбите неизвесни.
Според министерот за образование Арбер Адеми, ако има влошување на состојбата со коронавирусот и ако нема функционално Собрание, тогаш може да дојде до пролонгирање на учебната година. Не прецизира колку би траело задоцнувањето.
„За кој било модел за кој ќе се определиме од овие три, неопходно е да имаме законски измени во Законот за основно и за средно образование. За да имаме измени мора да имаме функционално Собрание, што значи дека може да дојде до пролонгирање на учебната година. Ако немаме функционално Собрание и ако имаме влошување на епидемиолошката состојба може да се пролонгира учебната година“, вели министерот Адеми.
Без разлика на политичките и епидемиолошките опсервации на новата учебна година кај нас, и по анализите како е во соседството. наставата за учениците виси „на конец“. Министерството споменува законски промени, Комисијата за заразни болести бара објаснувања, а учениците, родителите и наставниците бараат издржан, здравствено подготвен план за почетокот на учебната година. Се чини, никој не сака да ги преземат обврската и одговорноста за последиците од почетокот на учебната година. Ама, генерациите трпат заедно со образовниот процес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување