Македонија
30. January 2022 - 8:41

Удрил пешак со автомобил во Кисела Вода, па се забил во бандера

Вчеравечер околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода автомобил удри човек. Повредениот паднал на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје, објави телевизија Телма.

Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.

Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на судирот.