УЕФА: Финалето на ЛШ во Истанбул
Европската фудбалска асоцијација ((УЕФА) потврди денеска дека нема промени во планот финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) на 29 мај да се игра во Истанбул, и покрај тоа што пандемијата на коронавирус предизвика воведување трет карантин во Турција, кој од вчера стапи во сила.
Дел од француските и британските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори, објавија дека УЕФА ја разгледувала можноста, од здравствени причини да го премести финалето на друга локација.
– Финалето ќе се игра во Истанбул на 29 мај, но со ограничен број гледачи. Добивме ветување дека карантинот во Турција е привремена мерка до 17 мај и оти нема да има влијание врз натпреварот, соопшти УЕФА.
Со најголем број заразени на европскиот континент, Турција во вчера вечер влезе во нов карантин со затворање на сите компании чија дејност не е неопходна во секојдневниот живот, како и ограничено движење меѓу регионите во земјата.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
