-->
-->
УФЦ:Драго загуби на поени од Блејдс
-->
Кертис „Рејзор“ Блејдс доминираше во првите три рунди против Александер „Драго“ Волков во главниот меч во тешка категорија на УФЦ Фајт најт во саботата во Лас Вегас, пред да загуби сила и со победата да не го импресионира шефот на УФЦ, Дејна Вајт, кој веднаш изјави дека да се верува дека тој ќе добие шанса за меч за титула.
Блејдс беше супериорен во борењето, со рекордни 14 „тејкдаунс“ во мечот за да победи со 49:46, 48:47, 48:46, но не успеа да стигне до нокаут против високиот Русин, решавајќи се за конзервативна стратегија. Пред овој меч, Блејдс беше четврторангиран во тешката категорија, но тешко дека ќе добие шанса против шампионот Стипе Миочиќ или Даниел Кормиер.
„Сфаќам дека многу фанови не ги сакаат ваквите мечеви, и тоа е океј. Тоа ме прави среќен“, вели Блејдс.
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт не беше импресиониран.
„Блејдс зборуваше многу, но на крајот изгледаше глупаво, откако загуби сила по третата рунда. Со вакви перформанси, да сум на негово место, нема да чекам, туку ќе работам. Кога зборуваш така, тогаш треба да влезеш во октагонот и да истепаш некого“, вели Вајт.
28-годишниот Блејдс (14-2) има четири победи во низа и само два порази во кариерата, двапати од Френсис Нгану. 31-годишниот Волков, со прекар „Драго“ по „Роки 4“, сега има три порази во четири меча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати