-->
-->
Угостителски објект во Трубарево работел по дозволеното време, приведена сопственичката
-->
На 03.12.2020 во 22.20 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21.00 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости. Во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот