УХМР: Јануари топол до просечен и просечен до сув месец

Јануари 2024 година се карактеризира како топол до просечен и просечен до сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности измерени во периодот од 1991 до 2020 година, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што посочуваат од УХМР, месечната температура се движеше од -0,6 степени Целзиусови во Маврово до 5,7 степени во Гевгелија што споредено со просечните јануарски месечни температури за 30-годишниот период од 1991 до 2020 година е за 1,5 степен Целзиусов над просечната на ниво на држава.
-Највисоката максимална температура беше измерена на 19 јануари во Гевгелија и изнесуваше 20,6 степени Целзиусови и беше повисока од апсолутната максимална температура од 20,3 степени измерена исто така во Гевгелија, но во јануари 2018 година. Најниската температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 22 јануари и изнесуваше -19,8 степени Целзиусови, посочуваат од УХМР.
Во јануари 2024 година, како што велат, месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 11 милиметри во Штип до 116 милиметри во Маврово. Врнежите беа од дожд и снег, и од локален карактер.
-Максимално дневно количество на врнежи од 29 милиметри беше регистрирано во Маврово на 19 јануари. На Попова Шапка, пак, беше измерена максимална снежна покривка од 28 сантиметри на 7 јануари. Споредено со јануарската просечна вредност за периодот од 1991 до 2020 година, измерената месечна сума на врнежи беше 20 отсто под просечната на ниво на држава, прецизираат од УХМР.
Ново на Сител
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-

Средношколец во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
