УХМР најави нови временски неприлики

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува претежно југоисточен ветер, а во североисточните делови ветерот ќе биде од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од четири до осум степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до седум степени.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно време. Од вторник облачноста ќе се намалува, а потоа ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе почне да се зголемува. Утринските температури најпрво ќе опаѓаат, најстудено ќе биде наутро во вторник и во среда, а потоа ќе бидат во благ пораст. Во средината на неделата ќе дува и северен ветер кој во среда долж Повардарието повремено ќе засилува.
Ново на Сител
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
