УХМР најави силно невреме и пад на температурите

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
До четврток во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за повремени слаби врнежи од снег. Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од четврток кон крајот на денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе изразен ќе биде долж Повардарието во југоисточните делови на земјава.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
