УХМР: Најмногу дожд во Струмица, а најмалку во Битола

Најмногу наврнат воден талог од 27 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа до 8 часот утрово, има во Струмица, а најмалку во Битола, еден литар на метар квадратен.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, следат Демир Капија со 26 л/м2 и Попова Шапка со 25, потоа Пожаране - 24, Прилеп и Виница - 22, Штип - 21, Крушево и Охрид - 20 , Тетово - 19, Дебар - 17, Маврови Анови - 16, Берово - 15 , Куманово - 13, Скопје Зајчев Рид - 12, Крива Паланка - 7, Гевгелија - 5, Претор - 3 и Битола - 1.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. UV=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 29 степени.
Ново на Сител
-

Три вида државна матура - гимназијалците ќе полагаат на 6 и 11 јуни, учениците од стручните и од уметничките училишта на 6 и 12 јуни
-

Сабаленка: Многу ми значи признанието „Лауреус“
-

Вембањама прогласен за одбранбен играч на годината во НБА за сезоната 2025/26
-

Фернандеш: Нашата цел е да завршиме меѓу првите четири екипи во Премиер лигата
-

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии
-

Авиокомпаниите најавуваат поскапување на летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран
-

До четврток нестабилно време со дожд и утрински температури под нулата
-

Во домот на 50-годишник во Аеродром пронајдени 41 саксија канабис | ВИДЕО
