УХМР објави прогноза: Погледнете какво време не очекува ова лето
Претстојното лето во Македонија ќе биде потопло, а врнежите нема да отстапуваат од многугодишниот просек, предвидуваат од УХМР според прогностичките материјали кои ги преземаат од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) во Рединг и Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC).
Сезонскиот изглед на времето во Македонија за период јуни, јули, август 2017 покажува дека температурите на воздухот ќе бидат малку повисоки од просечните, но тоа надминување нема да биде повеќе од 1-2˚С. Количината на врнежи ова лето се очекува да биде во рамките на просекот, со можност на посушен источен дел и поголема веројатност на позитивно надминување во останатиот дел од Републиката.
Во август и температурата на воздухот и врнежите ќе бидат во рамките на просекот. За Скопје просечна многугодишна температурата за овој месец изнесува 23,9˚С, а просечна многугодишна количина на врнежи 34,4 мм.
Од УХМР информираат дека постои веројатност во летната сезона да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.
Во Република Македонија многугодишниот просек 1981-2010 за температурата на воздухот во лето е во границите околу 16,0˚С во планинските предели до 25,3˚С измерени во Гевгелија, додека просечната количина на врнежи е од 23,9 мм во Штип до 96,7 мм во Маврово.
После исклучително топлиот април, што според мерењата е најтопол во историските податоци од 1950 година, мај досега се покажа како релативно постуден и доста врнежлив. Историски гледано измерените температури и врнежи не се невообичаени за овој месец.
Според истражувањата и анализите кои се вршат во Секторот за метеорологија споредбата на првата декада во мај со историскиот многугодишен просек 1981-2010, просечните температури на воздухот се значително пониски, некаде и до 2˚С, исто како и средномаксималните кои во Крива Паланка се пониски и до 3˚С. Средните минимални температури се пониски од многугодишниот просек во првата декада, освен во југозападниот дел каде што имаме позитивно отстапување. Врнежите во првата декада од мај се надпросечни, освен во јужниот дел од Републиката каде се измерени просечни вредности
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино