-->
-->
УХМР: Од утре драстична промена на времето
-->

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег.
Ќе дува и умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер, а во текот на денот ќе има и услови за ретки грмежи. Температурата ќе има тенденција на понатамошно благо опаѓање и ќе се движи во интервалот од 15 до 22 степена. Кон крајот на денот поради спуштање на значително постудена воздушна маса од североисток, ветерот ќе го промени правецот во северен, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.
Во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки местасо повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови и повремено ќе бидат со умерен интензитет.На планините ќе се формира и нова снежна покривка. Темперетурите позначително ќе опаднати ќе бидат во интервалот од 7 до 13 степени.
Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и во средината на неделата ќе се движат од -2 до 4 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
