УХМР: Октомври екстремно топол и сушен
Според мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец октомври 2023 година се карактеризира како екстремно топол и сушен, до многу сушен во јужниот дел на државата, во споредба со многугодишните просечни вредности на температурите на воздух и врнежите, соопшти УХМР.
Средномесечната температура се движеше од 10,2°С во Лазарополе до 18,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2010), годинашната октомвриска температура беше 2,8 степени повисока на ниво на држава.
Вертикалниот распоред на температурите имаше запазен тренд во однос на просекот, но со големо позитивно отстапување. Највисоката максимална температура е измерена на 13-ти октомври во Гевгелија и изнесуваше 30,6 степени. Најниската минимална температура, пак, е измерена во Берово, на 31-ви октомври и изнесуваше -0,6 степени. Во октомври имаше невообичаено високи температури со присуство на есенски топлотен бран. Највисоката среднодневна температура од 24,7 степени на 8-ми октомври во Гевгелија ја надмина апсолутната највисока од 24,5 степени од 1994 година, исто така во Гевгелија.
Во октомври месец годинава, месечната сума на врнежи во државата варираше од 13,0мм во Гевгелија до 53,1мм во Маврово и Охрид.
Максимално дневно количество на врнежи од 25,1мм беше регистрирано во Тетово на 26 октомври.
Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи е помала за 39мм или со 60% недостаток од просечната на ниво на држава, се вели во анализата на УХМР.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
