УХМР предупредува: Се подготвува ново невреме
Нестабилно време со дожд, грмежи и локално пообилни врнежи се очекуваат денеска и утре.
Како што соопшти УХМР, подрачјето на Македонија се уште ќе биде под влијание на циклонска активност и влажна, нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Денес попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови, каде локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе продолжат и во текот на ноќта. Во источните делови преку денот ќе има и подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во Скопската котлина ќе се задржи променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со повремен дожд и грмежи, но со умерен интензитет.
И утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.
Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, рано попладне пороен и проследен со грмежи.
Во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. Во четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурите.
УХМР препорачува, поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Ново на Сител
-
Детектирање на проблемот со булингот
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена