УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Управата за јавни приходи заедно со Регионалните Стопански комори во Битола и Кавадарци, оваа седмица оствари работни средби со претставници на различни трговски дејности и претставници од туристичко угостителскиот сектор.
На средбите претставниците на УЈП ги потсетија даночните обврзници на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност и Законот за данокот на личен доход, со цел зголемување на доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници.
Раководителот на Сектор за даноци и услуги на даночни обврзници во УЈП, Мухедин Авдиќ, даде кратко објаснување и потсетување во делот на регистрирањето на готовинскиот промет, обврските кои произлегуваат од издавањето под закуп на недвижен имот и доходот кои го остваруваат физичките лица од времен карактер, а се со цел позитивно да се влијае на зголемувањето на доброволната усогласеност кај даночните обврзници.
Авдиќ истакна дека во ек на туристичката сезона, Управата за јавни приходи, преку вакви средби врши потсетување на даночните обврзници за нивните даночни обврски, а преку објавени Соопштенија на веб страната на УЈП, медиуми и социјални медиуми, учество на локални телевизии и радија, советодавни посети индиректно влијае врз подигање на даночната свест кај даночните обврзници. На средбите се даде и кратко објаснување од УЈП и се пренесе искуството при неправилната примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања од страна на даночни обврзници во тек на даночната контрола, и како треба да се постапи заради правилна примена на Законот и надминување на проблемите при регистрирањето на готовинскиот промет.
Присутните на средбите побараа изнаоѓање на решенија за формализирање на оние физички лица кои во домашни услови произведуваат производи (торти, колачи, изработка на накит, украси и др) а не го пријавуваат доходот од истите, решавање на проблемот со кафематите бидејќи се влијае на нелојалната конкуренција на оние кои служат кафе во угостителските објекти, контрола на паркинзите каде не се издаваат фискални сметки а фирмите треба да го пријават како трошок, дел од присутните упатија и предлог за праг на толеранција за неслагање на каса, формализирање на дивите таксисти и други предлози од кои имаат потреба.
Самата средба ја означија како состанок кој ќе даде плодни резултати и предложија во иднина да се организираат заеднички состаноци на Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат и јавни претпријатија за надминување на спорни прашања и создавање можност за меѓу институционално решавање на проблемите.
Вакви работни средби во вторник на 30 јули, ќе се остварат во Кичево, а во соработка и со Комората на Северозападна Македонија, ќе продолжат и во други градови за што Управата за јавни приходи ќе ја извести јавноста дополнително.
УЈП
Ново на Сител
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
-

Мицкоски: Обезбедени се бесплатни учебници во сите училишта во државата, Владата инвестира во децата
-

Тошковски: По 30 години во Македонија повторно имаме државно Средно полициско училиште
-

Мицкоски: Не гледам криза во Собранието која би предизвикала предвремени избори
-

39 годишник пронајден починат во дворот на битолската болница
-

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје
