УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса

Граѓаните во најкусо време да ги подмират заостанатите долгови за радиодифузна такса (РДТ). Во спротивно, Управата за јавни приходи (УЈП), како што соопшти денеска, ќе почне со присилна наплата.
- Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови и доброволно да ги платат, наведува УЈП.
За брзо плаќање, без чекање на шалтери и со помали трошоци, УЈП препорачува да се користат безготовинските картички Виза, Маестро и Мастеркард, односно електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Уплата, увид во евиденцијата за РДТ и преглед на платени и неплатени решенија може да се врши и со апликацијата за М-Даночни сервиси преку „смарт“ телефоните од кое било место и во кое било време. За тоа е потребно граѓанинот да е регистриран корисник на електронскиот сервис е-РДТ.
- Во однос на проверката дали имате долгови за РДТ, УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ. Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека плаќањето на РДТ да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите, стои во соопштението наУправата за јавни приходи.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
