УЈП: Започна исплатата на МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година

Започна исплатата на средства на апликацијата МојДДВ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, за четвртиот квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ.
-До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ, велат од УЈП.
Напомeнуваат дека во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што не се во можност да ја реализираат исплатата.
-Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ, апелираат од Управата за јавни приходи.
МИА
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
