УЈП: Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување
Земјоделците кои оствариле приход до 1.300.000 денари, до 31 јануари 2017 година можат да поднесат барање за паушално оданочување до Управата за јавни приходи.
- Без разлика дали земјоделството претставува основна дејност или таа ја вршат како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да го плаќаат еднаш во годината без дополнителни трошоци за водење делови книги, појаснуваат од УЈП.
Меѓу поволностите за регистрираните вршители на земјоделска дејност во УЈП се целосно ослободување од персонален данок доколку приходот во 2016 година изнесува до 300.000 денари, даночни олеснувања од 80 проценти од остварениот приход доколку се движат над 300.000 до 1.300.000 денари и ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите доделени од државата.
Доколку земјоделската дејност е дополнителна предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто од остварениот приход и ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите. Во текот декември и јануари УЈП организира и обуки за земјоделците на тема „Пријавување и оданочување на приходи од земјоделска дејност на физички лица кои се оданочуваат во паушален износ“.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари