Македонија
30. May 2016 - 17:34

УКИМ ги додели наградите за најдобри научници во 2015 година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје денеска им ги додели наградите на најдобрите научници на Универзитетот во 2015 година. Награди им беа врачени на проф. д-р Мирјана Кочова - за медицински науки; вонр. проф. д-р Драган Тевдовски - за општествени науки; проф. д-р Митко Младенов - за природно-математички науки и на асист. м-р Валентин Раковиќ - за технички науки.

Како што соопшти УКИМ, одлуката била донесена на 23 мај 2016 на седница на Одборот за избор на научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно со условите и постапката по Конкурсот за избор на најдобри научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2015 година. 

- Како најстар и најдобар универзитет во Република Македонија и препознатлив во светот, УКИМ е секогаш насочен кон развојот на наставната и научноистражувачката работа. За таа цел, секоја година се доделува награда за најдобрите научници на Универзитетот, кои покажале врвни резултати во научно истражувачката дејност во тековната година, соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.