Македонија
11. February 2016 - 22:36

Укината забраната за товарни возила на патот Маврово - Дебар

Од 21:20 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 
 
Забраната беше воведена денеска попладне во 15.30 часот поради обилни врнежи од снег на тој патен правец.