Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
Укинувањето на Пржинската влада денеска е на дневен ред во рамки на собраниската седница. Станува збор за тема која силно ја поларизира политичката сцена во земјава имајќи предвид дека опозицијата се закани дека ќе ги напушти работните групи за изборниот законик доколку овој предлог ја добие поддршката од пратениците.
Предлогот предвидува следните парламентарни избори да бидат последните кои ќе ги организира Пржинска влада, а потоа овој систем да биде укинат.
На дневен ред се и измените на Законот за пратеници со кои се предвидува пратениците да имаат само македонско државјанство. Меѓу законските измени кои се пред пратениците е и Законот за минерални суровини, Законот за концесии и јавно приватно партнерство и уште неколку законски решенија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
