-->
-->
Украдена чанта полна со пари - тешка кражба во Гостивар
-->

Ограбена куќа во Гостивар, крадците си заминале со добар плен. Вчера во Полициската станица Гостивар, С.И. (51) од с.Долна Бањица, гостиварско, пријавил дека во периодот помеѓу 19.30 часот и 21.00 часот непознати сторители извршиле тешка кражба во неговата куќа.
Сторителите насилно го отвориле прозорецот од кујната, влегле внатре и од спалната одзеле женска чанта со 2500 евра, три часовници и мобилен телефон, а од друга просторија одзеле женски паричник со 100 евра, 3000 денари, златен накит, сет со верски книги и здравствена електронска картичка, по што го напуштиле местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
