Украдени два автомобила во Скопје

Во изминатите 48 часа во Скопје биле украдени две патнички моторни возила.
Како што информира денеска МВР, во првиот случај Б.Ј. (75) од Скопје пријавил дека во периодот од 17 часот на 24 ноември до 8.30 часот на 25 овој месец на бул. „Јане Сандански“ од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 300.000 денари.
Во вториот случај, К.Ц. (42) од Скопје изутринава во 00:25 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека во периодот од 21 до 23 часот на 24 ноември 2017 година, на улицата „Јуриј Гагарин“ непознат сторител извршил кражба на патничко возило „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 150.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
