Македонија
7. March 2018 - 12:47

Украдено возило пред тетовскиот пазар

Тетовецот Р.Ј. (57) пријавил дека непознат сторител му го одзел неговото патничко возило „Тојота“ со тетовски регистарски ознаки, кое го оставил пред месарница на тетовскиот зелен пазар со клуч во бравата.

МВР информриа дека сторителот влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.600 евра.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.