Украина без струја по руски напади

Во речиси цела Украина нема електрична енергија поради штети од руски напади, соопшти денеска операторот на мрежата.
– Поради сложената ситуација во енергетскиот систем на Украина, електричната енергија е итно прекината во сите региони, освен во Доњецк, на исток, соопшти операторот на електрична енергија Укренерго преку Телеграм, повикувајќи ги граѓаните да ја користат електричната енергија штедливо доколку сè уште ја имаат.
Во тек се поправки за враќање на електричната енергија во сите области погодени од бомбардирањето.
Синоќа, прекини на електричната енергија веќе беа воведени во осум од 24 украински региони.
Приватниот оператор ДТЕК, исто така, пријави прекини на електричната енергија во неколку области, вклучувајќи ги Лавов на запад, Одеса на југ и главниот град Киев и неговата околина.
Во последните недели, Русија ги интензивира своите напади врз енергетиката и железничката мрежа.
Минатата недела имаше прекин на електричната енергија низ цела Украина, а во еден дел од главниот град траеше неколку часа.
МИА
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
