Украина побарала Турција да биде гарант за евентуален договор со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара од Турција да биде „еден од тие што гарантираат” за можниот договор со Русија, рече неговиот колега Мевлут Чавушоглу, кој е во посета на Лавов во западна Украина.
„Украина поднесе предлог за колективен безбедносен договор: П5 (пет постојани членки на Советот за безбедност) плус Турција и Германија“, додаде Чавушоглу.
„Во моите вчерашни контакти во Москва, видов дека Руската Федерација нема забелешки и дека може да прифати таков предлог“, рече министерот, кој вчера во Москва се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во изјавата оо двете дипломатски средби, Чавушоглу рече дека „надежта за примирје порасна“.Турскиот министер за надворешни работи рече дека предложил 24-часовен прекин на огнот што ќе го надгледуваат хуманитарни групи
Покрај тоа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин денеска, повторувајќи го неговиот предлог да биде домаќин на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски „во Анкара или Истанбул“.
Ердоган ја истакна и „потребата од отворање на хуманитарни коридори“ за да може цивилите да бидат евакуирани од зоната на конфликтот, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Ново на Сител
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба
-
Тројца 20-годишници повредени откако со „пежо“ излетале на патот Охрид - Св. Наум
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
-
Интервентна уапсила 50 годишен скопјанец утринава, кај него пронајдена марихуана
-
Затворени училиштата во Лос Анџелес поради заканата од пожар
-
ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие, мостот на Вардар кај Башино Село затворен за сообраќај
-
Прв случај на метапневмовирус во Грција, надлежните смируваат дека нема простор за паника
-
Скопјани и утринава го дишат најзагадениот воздух во Европа