-->
-->
Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија
-->

Украина и Русија повторно извршија размена на тела на војници, соопшти денеска Киев, пренесе ДПА.
Украинската власт одговорна за воените заробеници соопшти дека 909 тела се примени од Русија.
Војниците наводно биле убиени во источните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков.
Некои, исто така, биле примени од мртовечници во Русија, откако украинските сили неодамна беа потиснати од пограничниот регион Курск.
Во замена, руските медиуми наведуваат дека Москва примила 41 тело.
Примопредавањето, објавено на Велики петок, се случило со посредство на Меѓународниот Црвен крст, соопшти украинската власт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
