Украина: Русија го нападна Киев со дронови, соборени сите беспилотни летала
Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви.
Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле „сите непријателски цели“ во воздушниот простор околу главниот град.
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија во текот на ноќта кон Украина лансирала вкупно 15 дронови Шахед од иранско производство, а дека украинските сили уништиле 14 од нив.
Остатоци од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина од 200 квадратни метри во нестанбена зграда, се наведува во соопштението.
„Според прелиминарните податоци, во моментов нема жртви“, објави Попко на Телеграм, истакнувајќи дека информациите се прецизираат.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм објави дека е запалена продавница во Свијатошин, но оти нема жртви и пожарот е ставен под контрола.
Во неколку региони на Украина утринава беа објавени предупредувања за воздушни напади.
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја