Украина со дрон „Бајрактар“ потопи уште еден руски брод кај Змискиот остров во Црно Море
Украинската Влада соопшти дека уништила уште еден руски брод, а Министерството за одбрана потврди дека нападот го извршила со дрон Бајрактар ТБ2.
„Традиционалната парада на руската Црноморска флота на 9 мај оваа година ќе се одржи во близина на Змискиот остров, на дното на морето“, напиша на својот Твитер профил украинското Министерство за одбрана.
Да потсетиме, откако беше изложен на смртоносен пожар вечерта на 13 април, еден од најважните бродови на руската морнарица, крстосувачот „Москва“ следниот ден потона во Црното Море додека се влечеше до најблиското пристаниште Севастопол.
Пред руските медиуми да објават дека има пожар, а потоа и евакуација на екипажот на бродот, украинските сили потврдија дека го нападнале крстосувачот со противбродски ракети „Нептун“ од домашно производство.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
