Украина тврди дека „елиминирала“ повеќе од 100.000 руски војници
Русија загуби повеќе од 100.000 војници во војната против Украина, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија, јави ДПА.
Според украинскиот Генералштаб, 100.400 руски војници биле „елиминирани“. Тоа би можело да значи дека тие биле или убиени или тешко повредени и несоодветни за служба, наведува ДПА.
Русија неодамна објави податоци за 6.000 загинати во своите редови. Наспроти овие информации, руски независен медиум тврди дека идентификувал по име 10.000 руски војници убиени во борбите.
Украина не дава податоци за своите загуби во дневните извештаи на својот Генералштаб. Неодамна од претседателската канцеларија во Киев беше соопштено дека во борбите се убиени повеќе од 10.000 украински војници.
Двете завојувани страни секојдневно објавуваат податоци за „загубите“ на непријателот и многу ретко за загинатите и ранетите во сопствените редови.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во септември пријави 5.937 загинати војници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
