Свет
24. February 2022 - 17:57

Украинка застана пред руски војник: Зошто дојдовте во мојата земја? | ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како постара жена стои пред руските војници и разговара со нив.

„Зошто дојдовте во мојата земја? го прашала војникот во разговор.

Во Киев и понатаму одвреме-навреме одекнуваат пукотници, сирени и експлозии, а многу граѓани се обидуваат да побегнат од градот на безбедно.

Во градот е воведен и полициски час.