Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата

Украинската воена морнарица соопшти дека нејзин поморски дрон уништил и потопил руско беспилотно пловило во Црното Море, во судир за кој Киев тврди дека е прва битка меѓу беспилотни пловила во историјата на поморското војување.
Според соопштението на украинската морнарица објавено на Телеграм, военото извидување претходно забележало руско беспилотно пловило во црноморските води, по што веднаш бил ангажиран украински поморски дрон. Украинското пловило му се приближило на рускиот дрон и го потопило отворајќи оган со митралез.
„Ова е првата поморска битка во историјата меѓу беспилотни пловила“, објави украинската воена морнарица, приложувајќи и видеоснимка на која се гледа пукањето и уништувањето на малото пловило, чија автентичност и идентитет засега не можат независно да бидат потврдени.
Во последните неколку месеци, и Украина и Русија забрзано развиваат и усовршуваат различни типови беспилотни пловила за воени намени.
Меѓу нив се пловила натоварени со експлозив што се користат за директни напади врз противнички бродови, како и поморски дронови опремени со класично оружје, како што се митралези или ракетни проектили.
Украина, исто така, наведува дека користи специјализирани пловила способни да пренесуваат летачки дронови со краток дострел во непосредна близина на руското крајбрежје.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
