Свет
9. March 2018 - 11:48

Украинските власти го запленуваат имотот на Гаспром

- Украинските власти почнаа да го запленуваат имотот кој му припаѓа на Гаспром, бидејќи, според нив, руската компанија не ја почитува одлуката на Арбитражниот суд во Стокхолм.

„Украинската Влада, согласно актуелните околности, покрена акција со цел од Гаспром да се наплати изречената казна“, се наведува во соопштението на украинската администрација.

Украинскиот премиер Владимир Гројсман порача дека ставот на Киев во спорот со Гаспром мора да биде „поцврст и поконзистентен“.

Гаспром минатата недела соопшти дека на Нафтогас му е вратена уплатата за мартовската испорака на гас и оти нема да биде реализирана поради недоследности во анекс договорот .

 Претходно, Арбитражниот суд во Стокхолм пресуди дека Гаспром ќе мора на Нафтогас да му исплати 2,56 милијарди долари компензација, бидејќи не ги испорачал договорените количини гас за транзит.