-->
-->
Украинските власти и забранија влез во земјата на руската претставничка за „Евровизија-2017“
-->
Украинските власти и забранија пристап, во период од три години, на руската претставничка за „Евровизија-2017“ Јулија Самојлова. Овогодишниот натпревар за најдобра песна ќе се одржи во мај во Киев.
Документот за забраната бил подготвен од Службата за безбедност на Украина.
Оваа одлука била донесена поради учеството на Самојлова на концерт во Крим во 2015 година.
Според Службата за безбедност на Украина, пејачката го прекршила декретот на Министерскиот совет на Украина, според кој странците треба да добијат посебна дозвола за посета на полуостровот Крим. Овој декрет е донесен откако полуостровот беше анексиран од Русија.
Се оценува дека поради одлуката за пејачката која се движи во инвалидска количка можат да избијат остри протести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови