-->
-->
Улична трка „Скопје трча 10 км“
-->
Во организација на „Виз Ер Скопски маратон“ и под покровителство на Агенцијата за млади и спорт во Скопје на 8.октомври (недела) ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10км“. По тој повод денеска во Агенцијата за млади и спорт беше одржана и прес конференција.
- „Скопје трча 10 км“ е нов спортски настан, кој ќе овозможи дополнителна шанса за спорт и рекреација на наншите граѓани. Во соработка со „Виз Ер Скопски маратон“ го подготвуваме овој значаен спортски настан за љубителите на трчањето, за да ги развиеме здравите навики кај младите. Трката на 10 километри ќе се одржи на 8.октомври, низ улиците на Скопје, во пресрет на 11.октомври – Денот на востанието. Сакам да истакнам дека Агенцијата за млади и спорт и во претстојниот период ќе биде силен партнер и поддржувач на организацијата на настани од масовно-рекреативен карактер, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко каевски.
Членот на организациониот одбор Гордана Николовска исткна дека оваа трка е планирана подолг период и дека конечно љубителите на трчањето ќе можат покрај Скопскиот маратон да настапат и на нова улична трка на задоволство на „тркачката заедница“ која постојано расте.
- Потребата за трка од овој вид е потребна и затоа ја сместивме да биде во есенскиот дел од сезоната. Трката е веќе влезена во календарот на Европската атлетска федерација и во календарот на Атлетската федерација на Македонија. Морам да истакна и голема благодарност и до Агенцијата за млади спорт за поддршката што ни ја даде за овој настан, изјави директорот на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски.
Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K) се организира од страна на Сојуз на спортови на Скопје, Атлетски клуб Работнички и Атлетска Федерација на Македонија. Пријавувањето почна во петок, 15.09.2017, и секој кој е заинтересиран за регистрација може да ја посети официјалната веб страна: http://www.skopje.run/.
Стартот и целта ќе биде на улица „Илинденска“ за секој што ќе ја заврши трката ќе има медал-финишер, предвиден е награден фонд, лотарија и секако добра забава за сите присутни на овој настан. Стартот на трката е во 9 часот, а покрај трката на 10 километри ќе има и штафетна трка (двајца атлетичари) 2 х 5 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден