Свет
14. December 2015 - 8:42

Умерената десница победни на регионалните избори во Франција

Партиите на умерната десница и десниот центар победија на вчерашните регионални избори во Франција, освојувајќи ја власта во седум од 13-те региони, меѓу кои и се најгусто населените, јави дописникот на МИА од Париз.

Екстремнодесниот Национален фронт (ФН) не успеа да ја освои власта во ниту еден регион, иако доби најмногу гласови во првиот круг од изборите пред една недела, остварувајќи рекордни резултати.

Неуспехот на екстремната десница се должи пред се на мобилизацијата на гласачите, со одѕив од речиси 60 отсто, што според аналиитчарите, го спречи ФН да ја освои власта на регионално ниво.

Резултатите од вчерашното гласањето, што се одржа на 16 месеци пред претседателските избори во 2016 година, претставуваат пораз за за лидерката на ФН, Марин Ле Пен, која загуби на северот од Франција, додека нејзината внука Марион Марешал Ле Пен беше поразена на југот, а вториот човек и главен стратег на Фронт, Флориан Филипо, загуби во источниот дел на земјата.

Партиите на десницата и центарот ја освоија власта во седум региони - Париз, Алзас-Лорен-Шампањ-Арден, Нормандија, Норд-Па-де Кале, Пеј де Лоар, Прованс-Алп-Кот д’Азур и Оверњ-Рон-Алп.

Владејачките социјалисти успеаја колку-толку да го ублажат својот изборен пораз, зачувувајќи ја власта во пет региони - Бретања, Центар-Вал де Лоар, Бургоњ-Франш Конте, Акитен-Лимузин-Пуату Шарант и Лангедук-Русијон-Миди Пирене.

На островот Корзика пак мнозинство освоја регионалните партии.

- Опасноста од екстремната десница не е отстранета, далеку од тоа, изјави францускиот премиер Мануел Валс по објавувањето на првичните резултати од гласањето. Тој го поздрави, како што рече, „достојниот елан“, но нагласи декаовие резултати не даваат простор за никакво олеснување и за никаков триумфализам.

Лидерот на конзервативната партија Републиканци, Никола Саркози, кој по овие избори остана ослабен на политички план, бидејќи во предизбореито ги поистовети социјалистите и Националниот фронт, повика на „единство на десницата“ во пресрет на претседателските избори во 2017 година.

Аналитичарите проценуваат дека ваквиот повик се должи на фактот оти тој знае дека наскоро ќе биде покрената дебата за ставовите што тој ги застапуваше пред регионалните избори.

Поранешниот француски премиер Алан Жипе и еден од ривалите на Саркози во редовите на десницата, ја повика партијата Републиканци да покаже рационалност и да ги согледа „лошите одговори“ од вчерашните избори.

- Ако избирачите го прифатие повикот на „ни-ни“ (ниту социјалисти, ниту Националниот фронт, за што се залагаше Саркози), нашите кандидати во Норд-Па-де Кале и во регионот Прованс-Алп-Кот д’Азур ќе беа поразени, изјави Натали Коисцико-Моризе, членка на Републиканците.

Левицата ја зачува власта во пет региони, ублажувајќи го поразот, но овие резултати се нов удар за социјалситите на француксиот претседател Франсоа Оланд, кои освоија ракордно најмалку гласови во своиоте традиционални изборни бастиони на северот и југот од Франција.

За владејачката партија тоа беше единствената цена што требаше да се плати, со цел заеднички со умерената опозиција да му се спротивстави на Националниот фронт.

Првиот секретар на Социјалситичката партија, Жан-Кристоф Камбаделис сепак ја повика Владата да ја промени својата политика и да презема мерки поблиски до левичарските позиции, доколку сака да го зачува единството на левицата и нејзиниот кандидат да се најде во вториот круг на претседателските избори во 2017 година.

„Големиот губитник“ на вчерашните избори, Марин Ле Пен оцени дека „режимот е во агонија“. - Ништо нема да можи да не запре, порача таа во својот жесток настап.

За политологот Жан-Ив Ками, резултатите од овие регионални избори, само го потврдиле „ќорсокакот во кој се наоѓа Националниот фронт, кој е одлична партија за првиот круг на гласање, но не и за понатаму“.

Имено агенциите за испитување на јавното мислење, предвидуваат дека Марин Ле Пен би можела да освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори и да се пласира во вториот, но таму би била поразена.