УНЕСКО предупреди дека украинските знаменитости се изложени на ризик од уништување
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) предупреди дека главните историски локалитети во два украински града се изложени на ризик од уништување поради војната со Русија, објави Би-Би-Си.
Тие ја вклучуваат катедралата Света Софија во главниот град Киев и средновековните градби на градскиот манастир Киевско-печерски лаври.
Историскиот центар на градот Лавов на западот на земјата исто така е ставен на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО.
УНЕСКО соопшти дека неговиот Одбор за светско наследство заклучил дека „повеќе не се исполнети оптималните услови за целосно да се гарантира заштитата на извонредната универзална вредност на имотите“, додавајќи дека тие се изложени на потенцијален ризик поради војната.
Руското бомбардирање на Украина во неколку наврати беше критикувано од УНЕСКО. Во јули, организацијата го осуди бомбардирањето на зграда во историскиот центар на Лавов.
Во моментов има повеќе од 50 згради на листата на загрозени места на УНЕСКО. Меѓу нив се старото јадро на Ерусалим, историскиот центар на Виена и тропската прашума на индонезискиот остров Суматра.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ