УНЕСКО: Слобода на медиумите и одржив развој
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, во Хелсинки денеска ќе почне дводневна меѓународна конференција која ќе ја отвори генералниот директор Ирина Бокова и финскиот премиер Јуха Сипила.
На конференцијата чиј мото е „Пристап до информации и основни слободи – тоа е твое право“, учесниците ќе истакнат значење на слободата на информирање и одржив развој, заштита на слободата на печатот од цензура како и обезбедување сигурност за работа на новинарите во традиционалните и он-лајн медиуми.
Слободата на медиуми и одржив развој оваа година за првпат се доведува во врска откако ОН во крајот на 2015 година усвоија цели за одржив развој до 2030 година, кои бараат „обезбедување пристап до информации и заштита на основната слобода во согласност со националните законодавства и меѓународни договори“, се вели во соопштение на сајтот на Унеско.
– Значењето на слободни и независни медиуми за информирање е клучно за остварување на целите на одржив развој, истакнува Бокова по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
Конференцијата се организира со поддршка од 50 организации од цивилното општество и медиумите.
Ново на Сител
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот
-
Пронајдени траги од дрога во тоалетите во Парламентот на Финска: Покажала анализа на Финскиот јавен радиодифузен сервис