Унгарците протестираат против растечеко руско влијание во земјата и авторитарната политика на Орбан
Околу 2.000 лица синоќа учествуваа во протестот во Будимпешта против растечкото влијание на Русија во нивната земја и авторитарната политика на премиерот Виктор Орбан, пренесоа американските медиуми.
Протестот беше организиран на неколку улици од руската амбасада во Будимпешта, откако полицијата им забрани да се одржи пред зградата.
За цело време од протестот се слушаа скандирања „Европа! Европа!“ и „Да ја запреме Москва“ како одговор на владината кампања „Да го запреме Брисел“, која тврди дека Европската Унија се обидува да одземе се повеќе права од земјите членки.
Писателот и еколошки активист, Андраш Лани, изјави дека расте амбисот меѓу Истокот и Западот и дека „Унгарците не сакаат повторно да се најдат на страната на непријателите на човештвото“, пренесоа американските медиуми.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи