-->
-->
Унгарија би можела да изгради ограда и на границата кон Романија
-->
Унгарската Влада донесе одлука да изработи план за изградба на ограда и на границата на Унгарија кон Романија, доколку бегалците ја променат својата маршрута и започнат да пристигнуваат во земјата од романска територија, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
- Решивме да започнеме подготвителни работи за изградба на ограда долж унгарско-романската граница со разумна должина, во случај имигрантскиот притисок да се насочи кон Романија, изјави Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.
За да го спречи приливот на илегални имигранти во земјата, Унгарија веќе изгради ограда на својата граница кон Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот