Унгарија најверојатно на чело на КФОР од идната година

Унгарија има намера да го преземе командното место следната година во мировната мисија во Косово, што ќе биде првпат една земја од регионот да ги предводи меѓународните сили на КФОР, објави Балканската мрежа за безбедност.
Според текстот (www.balkansec.net), унгарскиот началник на ГШ, Ференц Кором го нагласил тоа во Вашингтон во разговор со американскиот заменик началник на ГШ, Џон Хајтен.
Доколку Унгарија добие поддршка за иницијативата, функцијата командант на КФОР за првпат ќе ја преземе една земја од регионот, со што ќе се прекине сегашната практика на чело на мисијата да бидат офицери од западноевропски членки на НАТО.
Најавата на шефот на ГШ на Унгарија доаѓа по неодамнешната одлука на Будимпешта за зајакнување на својот контингент во КФОР со уште 100 војници.
Унгарија, од сите земји во регионот, има најмногу војници во мисијата КФОР каде вкупно има 3.526 лица од 27 држави.
Ново на Сител
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
