Унгарската амбасада во Тирана не сака да коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата

Унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата на некои регионални медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, една ноќ минал во оваа Амбасада по што од Меѓународниот аеродром во Тирана заминал за Будимпешта.
За тиранската телелвизија Топ чанел, од Амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процеси кои се во тек“, поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.
Во меѓувреме албанската полиција на граничните премини „Ќафасан“ на албанско-македонската граница кај Струга и аеродромот во Тирана врши верификација на тврдењата дека Груевски во Унгарија заминал преку Албанија.
Полициски извори потврдуваат дека се контролираат списоците на лица кои влегле или излегле од албанска територија, а ќе се проверуваат и безбедносните камери од двата гранични премини.
Ново на Сител
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
