УНХЦР: Два и пол милиони луѓе ја напуштиле Украина
Два и пол милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската интервенција во Украина, а поради војната во земјата има и два милиони внатрешно раселени лица, соопштија денеска Обединетите нации.
„Бројот на бегалци од Украина – трагично – достигна денес 2,5 милиони. Исто така, проценуваме дека околу два милиони луѓе се раселени во Украина. Милиони беа принудени да ги напуштат своите домови поради оваа бесмислена војна“, објави на „твитер“ шефот на Агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди.
Пол Дилон, портпаролот на Меѓународната организација на ОН за миграција, рече дека меѓу два и пол милиони луѓе кои побегнале од Украина има 116 илјади странски државјани.
Според статистичките податоци, пред воената интервенција на Русија во деловите на Украина што беа под контрола на централната власт во Киев имало повеќе од 37 милиони жители.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес ја погоди Грција
-
Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово
-
Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци
-
За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице
-
Галетановски: Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во Зоолошка
-
Хрватска ја качува минималната плата на 750 евра
-
Откриени два случаи на криумчарење мигранти
-
Серија апсења на повеќе локации во Македонија - Приведени 11 лица