УНХЦР: Првиот бегалски камп на ОН во Либија ќе биде отворен на почетокот од следната година
Првиот центар на ОН во Либија за времено прифаќање на бегалци ќе биде отворен кон почетокот на следната година, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди за време на меѓународната конференција „Средоземноморски дијалог“.
Тој изрази надеж дека центарот на УНХЦР за времено прифаќање на луѓе, кои бараат меѓународна заштита, да почне со работа кон почетокот на 2018 година, но според него, треба да се има предвид дека ситуацијата е многу нестабилна.
- Се трудам тоа да се случи во најкраток рок. Не е лесно да се работи во Либија, но имаме дозвола да ја почнеме работата, истакна Гранди.
Високиот комесар на УНХЦР потврди дека тоа ќе биде времен (транзитен) центар и првично ќе може да прифати 100 лица, а потоа се планира бројот на местата да се зголеми на 500 до 1.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Максимална победа за Алкалоид во второто коло на Европскиот шаховски клупски куп
-
Петмина убиени во куќа во Сиетл, осомничено 15-годишно момче
-
Министерот Мисајловски на меѓународен саем за одбрана во Турција
-
Влатко Стефановски сними нов албум во култното Abbey Road Studios во Лондон
-
Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа
-
Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив
-
Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препоракиза заштита по појавата на птичји грип
-
Состојба на патиштата