УНХЦР: За еден ден повеќе од 11.000 Рохинџи пребегаа во Бангладеш
Повеќе од 11.000 Рохинџи во текот на вчерашниот ден избегаа од Мјанмар во Бангладеш, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
- Повторно сме во ситуација на целосна тревога, бидејќи заминувањето на луѓето е загрижувачко. Тоа е голема бројка - 11.000, изјави портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс.
Тој додаде дека УНХЦР соработува со властите во Бангладеш за организирање транзитен центар поради можен прилив на луѓе наредните денови.
Обединетите нации кон крајот на минатата недела предупредија дека продолжува егзодусот на Рохинџите од Мјанмар во Бангладеш, шест недели од почетокот.
Повеќе од 515.000 Рохинџи досега стигнаа во Бангладеш од мјанмарската област Ракхин, од почетокот на воените операции на мјанмарските безбедносни сили.
Воената офанзивата на Мјанмар според ОН е етничко чистење, додека Јангун тврди мјанмарската војска се бори против „терористи кои убиваат цивили и палат села“.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
-
Светска банка ја ревидира прогнозата за раст на македонската економија
-
Премиерот Мицкоски заминува во САД на инаугурацијата на Доналд Трамп
-
Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-
Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
-
Абас: Палестинската управа е подготвена да ја преземе целосната одговорност во Газа
-
Во Вашингтон последни подготовки за инаугурацијата на Доналд Трамп