-->
-->
Уништен инвентар во парк - шумата „Водно“
-->
Чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатиов период евидентирале уништување на парковски елементи на реонот во парк - шумата „Водно“.
Од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека се почесто има уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите.
- Потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото, велат од ЈП „Паркови и зеленило.
Оттаму апелираат до посетителите совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата